ЕЛКОЛЕКТ и ШПАРКАСЕ БАНКА втора година по ред го одбележија Меѓународниот ден за рециклирање на е-отпад и месецот на штедење.
ЕЛКОЛЕКТ и Шпаркасе Банка Македонија втора година по ред го одбележија Меѓународниот ден за рециклирање на е-отпад и месецот на штедење со реализација на проектот „Рециклираме, твориме и штедиме со Елколект и Шпаркасе банка“ на 12 Октомври во просториите на Природно-научниот музеј на Македонија. Целта на проектот е подигнување на свеста на децата за правилно постапување со е-отпадот, заштедата на природните ресурси а со тоа и заштита на животната средина.

Најуспешните творби на тема рециклирање на е-отпад и отпадни батерии беа наградени со штедна книшка Медо Штедо со почетен паричен влог обезбедени од страна на Шпаркасе банка и пофалница од страна на ЕЛКОЛЕКТ. Наградите ги доделија Тодорка Сајкова менаџер за маркетинг и комуникации од Шпаркасе банка и Фана Христовска, управител на ЕЛКОЛЕКТ и им советуваа на децата да продолжат да творат, штедат и селектираат е-отпад и отпадни батерии.

Меѓународниот ден за рециклирање на е-отпад втора година по ред се одбележува во голем број европски земји и има за цел да ја подигне свеста на населението за што поголема реупотреба на нивните уреди или доколку тоа не е можно за нивно рециклирање. Причината за ова е континуираното зголемување на количините е-отпад во светот кој содржи скапоцени но и опасни материи. Едните може да се реупотребат или рециклираат додека со другите треба соодветно да се постапува за да не завршат во животната средина и со тоа предизвикаат загадување на истата.
{{DatePublished}}
{{Title}}
{{#each Images}}
{{#if IsThumbNail}}
{{{dataImg this params="" class="FeatImg"}}}
{{Caption}}
{{Author}}
{{/if}}
{{/each}}
{{{Content}}}
Посетено: {{Visits}} пати
{{#hasElements Images}}
{{/hasElements}}
Поврзани вести
{{#each ArticlesInCategory}}
{{/each}}
{{#hasElements RelatedArticles}}
ПРЕПОРАЧУВАМЕ
{{/hasElements}}