Smladi.mk

Конкурс:

Постирај ја твојата најоткачена фотка од времето кога беше во средно и освој SAMSUNG GALAXY TAB E!

  1. Објави ја најоткачената фотографија од тебе или твојата екипа од средно, без разлика дали е од моментот кога ја направивите најдобрата финта што ве прослави во вашата генерација или сите лудории што ги правевте за време на часовите.
  2. Сподели ја фотографијата на Инстаграм или Фејсбук под хаштаг #smladi.
  3. Сите слики ќе бидат објавени на www.smladi.mk. И не се грижи ако сликата не се објави веднаш. Ако не е денес, сигурно ќе биде утре.

Победникот ќе го избере стручното жири на www.smladi.mk и ќе биде објавен на 7 март.

ПС: Не заборавај да ја поставиш објавената фотографија на „Public”, во спротивно светот нема никогаш да дознае за тебе и за твоите најлуди моменти, а ти ќе останеш без твојот SAMSUNG GALAXY TAB E ☺


Стипендија
„Best of South East“

Прошири ги видиците,
помести ги границите!

Биди најдобар/ најдобра на Југоистокот!

Ако сакаш...

  • да го надградиш знаењето кое си го стекнал/а на додипломските односно постдипломските студии по право или економија;
  • да стекнеш искуство во меѓународното студирање на еден од најстарите австриски универзитети;
  • да ги комбинираш студиите со пракса или обука во една од најмодерните банкарски институции во покраината Штаерска;
  • да се развиваш и учиш во меѓукултурално опкружување, во еден од најголемите студентски центри во Австрија, за време на едногодишен престој.

Ако притоа не сакаш да се заморуваш со организација, логистика и трошоци, пријави се на програмата што вклучува:

  • обезбедено сместување во еден од студентските домови во Грац (еднокреветна соба);
  • месечен џепарлак во износ од 420 €;
  • ослободување од плаќање на школарина на Универзитетот во Грац;
  • регистрација во Универзитетот во Грац;
  • интензивен курс по германски јазик во универзитетскиот јазичен центар „Treffpunkt Sprachen“;
  • разни социјални и културни случувања во текот на цела година.


Дали се препозна себеси во горенаведеното?

Повеќе за програмата и процесот за пријавување дознај на: http://bit.ly/bestofsoutheast

или на веб-страницата на Шпаркасе Банка Македонија www.sparkasse.mk .